Европската комисија ја одобри Програмата за трансгранична соработка „Балкан-Медитеран“ за периодот 2014-2020 година, со која се опфатени пет држави, меѓу кои и Македонија.
Како што јави БТА, повикувајќи се на соопштение на бугарското Министерство за регионален развој и урбанизам, во оваа програма на ЕУ се вклучени три земји-членки на Унијата – Бугарија, Грција и Кипар и две држави кандидати за членство – Македонија и Албанија.
Буџетот на Програмата изнесува преку 39,7 милиони евра, од кои околу 33 милиони се обезбедени од Европскиот фонд за регионален развој и од Инструментот за претпристапна помош.
Програмата „Балкан-Медитеран“ ќе функционира преку две приоритетни оски – „Предприемништво и иновации“, намената за финансирање на проекти за поттикнување на претприемништвото и на социјалните и на дигиталните иновации и за создавање на врски меѓу бизнисот и наулната заедница и „Животна средина“, наменета за одржливо искористување на природните ресурси и за зачувување на природното и културното наследство.
Првото заседание на Комитетот за следење на реализацијата на Програмата, со што таа и официјално ќе започне, е закажана за втората половина на ноември, се наведува во соопштението на бугарското Министерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.