Пребарувачите како „Гугл“, „Јаху“ и „Бинг“ се сјајни алатки на кои може да најдете се што ве интересира. Но, пребарувачите ја забележуваат вашата ИП адреса при пребарувањето, па постојат работи кои не би требало да ги пребарувате.
„Гугл“, на пример, може да ја комбинира историјата на пребарување со вашите податоци и така огласувачите да добијат информации за работите кои ве интересираат и кои би ги купиле.
Дури и ако ја избришете историјата на пребарување, „Гугл“ помни што сте пребарувале и тие информации ги користи како би ги насочил огласите кон вас. За тоа ја користи и вашата локација.
CheatSheat донесува пет работи кои не би требало да ги пребарувате на интернет:
1. Не пребарувајте работи кои би можеле да ја откријат вашата локација
АОЛ во 2006. година објави голем збир пребарувања кои се спроведени на нивните страници и на претставниците на медиумите им откриле дека не е тешко да се открие идентитетот, родното место, квартот, годините, полот и други информации за лицето кое користи пребарувач.
Колумнистот на Њујорк Тајмс Давид Леонхард открил дека пребарувањата се разликуваат географски. Во местата каде луѓето имаат проблеми со финансиите или со здравјето луѓето повеќе ќе пребаруваат информации поврзани за здравствените проблеми или на пример, за продажба на производи на Амазон.
2. Не пребарувајте информации за здравствените проблеми или за лекови
Рим Либерт од Универзитетот во Пенсилванија, открил дека повеќе од 90 отсто од 80 илјади страници поврзани со здравјето ги изложуваат информациите на корисниците на трети страници.
Истражувањето на Pew Center открило дека дури 72 отсто од интернет корисниците во САД пребаруваат информации поврзани за здравствената состојба. Гугл собира информации од 78 отсто од страниците кои Либерт ги проучил што на огласувачите им овозможува да сфатат кои корисници имаат посебни здравствени проблеми.
Уште поголем проблем е што интимните проблеми на луѓето би можеле да бидат достапни до оние кои сакаат да купат хакирани бази на податоци.
3. Не ја откривајте својата несигурност
Несигурноста поврзана за изгледот на лицето како и односите со другите луѓе би можеле да бидат мета на огласувачите кои едвај чекаат да соберат такви информации. Тие ќе се обидат да ви продадат производи или услуги.
4. Не пребарувајте ништо сомнително
Кога едно семејство пребарувало поими како „ранец“ и „експрес лонец“ не можеле ни да замислат дека ќе ги посети полиција. Тоа се случило после бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон во кој користена е бомба направена со помош на експрес лонец, а била поставена во ранец. Жената на интернет барала експрес лонец, а сопругот ранец, што заедно правело сомнително пребарување.
Не пребарувајте поими или други работи кои би можеле да се поврзат со криминал.
5. Не пребарувајте ништо што би можело да го открие вашиот идентитет
Избегнувајте пребарување било кои поими кои би го откриле вашиот идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.