| четврток, 6 декември 2018 |

Ален треба да плати 2.000 евра отштета затоа што ја избричи брадата

Дваесет и тригодишниот прилепчанец Ален Хасановиќ неодамна го промени својот изглед и ја избричи брадата, која, на некој начин, беше негов заштитен знак низ натпреварувањето во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Според извори блиски до големата српска продукција „Гранд“, „Вистина.мк“ дознава дека еден од финалистите во последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ контактирал so Ален Хасановиќ деновиве и го известил дека продукцијата размислува дали да го казни пејачот со парична казна во износ 2.000 евра поради непочитување на Кодексот на однесување при деветгодишниот договор, кој пред неколку месеци го потпиша пејачот.

Хасановиќ веќе ја сними својата прва песна за српската продукција насловена како „Хајде ломи“, а неофицијално сумата што била платена за неа изнесува 8.000 евра.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top