| четврток, 6 декември 2018 |

Ален и Филип се борат за победа, суперфиналето во Скопје

fin.jpg500

Суперфиналето од десеттата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ ќе се одржи оваа недела, 12 јули во АРЕНАТА „Борис Трајковски“ во Скопје.

Како македонски претставници и музички амбасадори, свое место во финалето заслужија и Ален Хасановиќ и Филип Божиновски.

Токму поради овие двајца млади, но многу талентирани пејачи, директорот на „Гранд продукција“ Саша Поповиќ одлучи суперфиналето да биде во Скопје, а на сцената покрај големите ѕвезди од шесточленото жири, доаѓаат и Лепа Брена, но и многу други големи регионални ѕвезди кои ќе ја кренат атмосферата на максимум.

Како потсетување, првата награда во суперфиналето е ексклузивен стан во Белград, втората „утешна“ – автомобил, а сите 10 супер финалисти добиваат песна од „Гранд“ продукција.

Пријателите на Ален Хасановиќ и Филип Божиновски имаат една заедничка цел, клучевите од станот да паднат во рака на македонски натпреварувач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top