Растечките трошоци за згрижувањето на бегалците би можеле да ги загрозат буџетските планови на некои европски влади, така што Брисел би требало да размисли за исклучоци поради тие трошоци во однос на прописите на ЕУ за дефицит, изјави австрискиот министер за финансии Ханс Јерг Шелинг во денешното интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.- Краткорочните трошоци се високи, но предвидливи. Покритично е прашањето за долгорочните ефекти (врз буџетот), нагласи Шелинг.
Тој истакна дека многу бегалци ќе останат во Европа, што значи дека владите би требало да размислуваат за изградба на куќи и станови.
– Се сомневам дека буџетите, кои сега се во план ќе бидат доволни, нагласи Шелинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.