| четврток, 6 декември 2018 |

Кралски трикови за убавина: Како се негуваат принцезите и кралиците?

Кралските трикови за убавина со времето излегувале на виделина, па многумина се прашувале зошто на тоа не сме се сетиле порано. Откријте како дамите од кралските дворови се негувале порано, а како го прават тоа денес.

beautz

 

Марија Антоанета

marija-antoaneta

 

Поранешната кралица на Франција, Марија Антоанета користела маска која била нејзин заштитен знак, а која многу Французинки и ден денес ја користат.

Состојки:

Две лажички коњак
1/3 шолја млеко во прав
една белка
половина шолја сок од лимон

Кралицата Викторија

kraljica-viktorija

Британската монархија постојано се обидувала да ја избегне лошата миризба, а тоа го правела така што ракавиците секогаш им биле парфимирани со масло од рози.

 

 

Кралицата Елизабета Прва

Elizabeth I

Најпопуларниот прозивод за убавина во периодот кога владеела кралицата Елизабета Прва било т.н. „Ceruse“ , мешавина на бело олово и оцет.

 

Kралицата Елизабета Втора

Princess Elizabeth

 

Актуелната британска кралица, Елизабета Втора (89) е голем љубител на руменила. Таа дури нарачала одредена нијанса за своето крунисување во 1952 година. Нежната црвено-сина нијанса е наречена „The Balmoral Lipstick“,името потекнува од нејзината татковина Шкотска. Таа нијасна кралицата ја носела многу пати во јавноста.

Грејс Кели

Princess Grace

 

Принцезата од Монако , Грејс Кели користела крема за раце и ги мачката многу често. Таа отсекогаш велела дека староста првин се забележува на рацете.

Принцезата Дијана

Bicentennial Royal Tour

Нејзиниот шминкер ја наговарал да носи син креон или моливче за очи, иако е правило дека тие не одат на сини очи. Принцезата Дијана не пиела алкохол за кожата да и биде сјајна и негувана. Никогаш од дома не излегувала без маскара.

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон

Duke and Duchess of Cambridge, Buckingham Palace, London, UK

Денешните принцези имаат многу тајни за убавина но на Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон и е доволна најобична продавница за козметика, бидејќи користи масло од „Нивеа “ и на тој начин ја хидрира кожата. Другата нејзина тајна е маслото од шипка кое и помага против брчките.

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top