Кристијано Роналдо ја очекуваше петстотката на мечот против Малага, но не беше на вообичаеното ниво и не успеа да стаса до 500. гол во кариерата. При крајот на мечот популарниот ЦР7 промаши чиста шанса, а Реал е зијан два бода по ремито 0-0.
Малага се покажа како мошне цврст противник, имаше одлични шанси за комплетно изненадување, а го издржаа притисокот во финишот на мечот. Гостите играа и со фудбалер помалку од 77. минута кога беше исклучен Амрабат, но освоија вреден бод на „Сантијаго Бернабеу“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.