| четврток, 6 декември 2018 |

Холанѓанец се претставил како бегалец и влегол во хрватски камп: Шокиран сум! (ВИДЕО)

„Се наоѓам во кампот и шокиран сум“. Она што го гледам е тотално апсурдно. Луѓето лежат едни врз други. Неверојатно нешто. Сакам да заминам одовде што побрзо. Ова е нехумано“.

NizNovIzbjeglicaS1_927809S1

Холандски новинар објави видео во кое се откриваат, како што тој тврди, катастрофалните услови во хрватските бегалски кампови. Новинарот успеал да се провлече покрај обезбедувањето и административниот персонал претставувајќи се како мигрант, пренесува „Њузвик.рс“.

Дени Госен, новинар кој работи за холандска телевизија влегол во бегалскиот камп, за како што вели, да ги разоткрие маките на бегалците од Сирија.

На видеото се гледаат бегалци кои немаат соодветно засолниште и како спијат на под опкружен со огради. Се претпоставува дека станува збор за бегалски камп во хрватското село Опатовац.

Госен тврди дека успеал да влезе во кампот без никакви документи, претставувајќи се како Калид Гасан. Ги поминал сите медицински тестови и административни проверки, па го снимал целиот процес.

– Ова е неверојатно. Се регистрирав како студент од Сирија, а имам 34 години – рекол новинарот пред камерата додека се оддалечувал од влезот во кампот.

– Се тресам. Се плашам да помислам што би ми направиле ако ме откриеја – додава Госен.

На крајот од видеото, новинарот зборови за условите на кои бил сведок.

– Се наоѓам во кампот и шокиран сум. Она што го гледам е тотално апсурдно. Луѓето лежат едни врз други. Неверојатно нешто. Сакам да заминам одовде што побрзо. Да се остане овде еден ден е ок, но ова е лудо. Ова е нехумано – вели новинарот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top