| четврток, 6 декември 2018 |

Холанѓанец сака да ја промени годината на раѓање бидејќи „трансродовите луѓе можат да го променат полот“

Еден Холанѓанец смета дека треба да има право законски да ја промени својата година на раѓање бидејќи „трансродовите луѓе можат да го променат полот”, пишува УНИЛАД.

69-годишниот Емил Рателбан сака официјално да има 49 години бидејќи на тој начин може да се врати на работа и да добие шанса да го видат повеќе жени на „Тиндер“.

Емил, кој е гуру за самопомош, тврди дека неговите лекари му кажале дека има тело на 45-годишен маж, па затоа поднел барање во документите да му го променат датумот на раѓање на 11 март 1969 година, иако бил роден на 11 март 1949 година.

Локалните власти го одбија неговото барање поради што тој ги тужеше повикувајќи се на тоа дека „трансродовите луѓе можат да го променат полот, па и тој би требало да може да ја промени возраста”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top