| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Елиминирани се терористичките закани во Турција

Терористичките закани во Турција се елиминирани, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу, јави Анадолија.

давут

Давутоглу, кој е во посета на Њујорк, истакна дека терористичките закани против Турција во голем степен се елиминирани по успешните антитерористички операции.

Турскиот премиер додаде дека силите за безбедност успешно го елиминирале тероризмот. При успешните операции биле елиминирани заканите, кои произлегуваат од терористичките групи – Исламска држава, ПКК и Револуционерната партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С).

– Уништени се засолништа, складишта со муниција и оружје и централи на ПКК во Северен Ирак, неутрализирани се елементи на Исламска држава во Сирија, кои претставуваат закана за Турција. Најважна цел ни е да обезбедиме присуство на демократија и безбедност во земјата пред претстојните парламентарни избори на 1 ноември – вели турскиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top