Терористичките закани во Турција се елиминирани, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу, јави Анадолија.
Давутоглу, кој е во посета на Њујорк, истакна дека терористичките закани против Турција во голем степен се елиминирани по успешните антитерористички операции.
Турскиот премиер додаде дека силите за безбедност успешно го елиминирале тероризмот. При успешните операции биле елиминирани заканите, кои произлегуваат од терористичките групи – Исламска држава, ПКК и Револуционерната партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С).
– Уништени се засолништа, складишта со муниција и оружје и централи на ПКК во Северен Ирак, неутрализирани се елементи на Исламска држава во Сирија, кои претставуваат закана за Турција. Најважна цел ни е да обезбедиме присуство на демократија и безбедност во земјата пред претстојните парламентарни избори на 1 ноември – вели турскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нетпрес: Закани кон асистент на претседателот на ДИК, „Главата на мајка ти може да летне далеку“
-
Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!
-
Детали од заканувачките писма до Коѕијас и грчките министри: Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија
-
Ако не гласате за СДС ќе падне крв и молотови коктели – СДСМ се заканува на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба