Лионел Меси се повреди на стартот од мечот со Лас Палмас, а проблемите на Барселона се зголемија, бидејќи постои голема веројатност дека новиот капитен ќе отсуствува подолг период. Меси се повреди во четвртата минута по еден дуел во шеснаесетникот на Лас Палмас, се обиде да продолжи, но проблемот со коленото не му дозволи да игра и понатаму.
Барселона води со 1-0 по првите 45 минути, а главоболка на Каталонците им создава неизвесноста околу повредата на најдобриот играч на планетата Меси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.