| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца сопружници нападнати и ограбени во Тетовско

­ Двајца повозрасни сопружници Б.А.(66) и А.А.(61) од тетовското село Гургурница синоќа, околу 23 часот во полициската станица во Жеровјане пријавиле дека биле нападнати од две непознати и маскирани лица.

grabez

 

Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, разбојништвото се случило околу 22 часот така што двајцата маскирани, кои носеле и ракавици наеднаш влегле низ незаклучената врата. Едниот се доближил до нив, додека другиот останал на вратата.

Еден од разбојниците со шрафцигер во раката му се заканил на Б.А. дека ќе го прободе доколку не му даде пари. Исплашена А.А. му рекла на сопругот да им ги даде парите од паричникот каде имало 450 евра. Сопругот на насилникот му дал само 400 евра, по што двајцата маскирани им ги зеле двата мобилни телефони, како и фиксниот телефон што го исклучиле од мрежата и избегале. ­

– По околу еден час од разбојништвото сопружниците го пронашле фиксниот телефон, фрлен во нивниот двор по што ја известиле полицијата за разбојништвото. Од страна на полицијата бил извршен увид и се работи на расветлување на сите поединости, рече Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top