Унгарското Министерство за внатрешни работи ги отстранило топовите со бодликава жица од делот на границата со Словенија.
Министерството посочи дека топовите со бодликава жица биле поставени претходно вчера единствено и исклучиво експериментално, но подоцна биле отстранети.
За разлика од Србија и Хрватска, каде Унгарија постави четири метарска огради за да го спречи влегувањето на нелегалните мигранти, Словенија е членка на Шенген зоната.
Портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач вчера изјави дека оградата на словенечката граница треба да го блокира споредниот пат на имигрантите, кои се обидуваат да ја избегнат оградата на унгарската граница со Србија и Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.