| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска и Словенија разговараа за границата и мигрантите

zicavelikiobrez_014Претседателите на Хрватска и Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор постигнаа денеска во Загреб согласност дека сите држави на балканската миграциска рута треба да се договорат за пропустливоста на границите и преземање мерки за избегнување на инцидентите, кои би ја нарушиле безбедноста и нивните добрососедски односи, јави Хина.

Словенија почна вчера да поставува бодликава жица на границата со Хрватска, сметајќи дека соседната земја може да продолжи да ги пушта мигрантите да преминуваат преку необезбедуваните премини на границата.

Меѓу двете земји се појави спор по тврдењата на Хрватска дека дел од оградата е поставена на нејзина територија.

– Пропустливоста на границите треба да се реализира на начин кој нема да претставува закана за безбедноста на државите и нивните соседи, нагласи Пахор на заедничката прес-конференција со Грабар Китаровиќ.

Хрватската претседателка додаде дека двете земји не треба да дозволуваат никакви инциденти, кои ќе ги нарушат нивните добри односи.

Двајцата претседатели не го коментираат поставувањето на оградата, а на новинарите не им беше дозволено да поставуваат прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top