| четврток, 6 декември 2018 |

МИОА: „Утрински весник“ манипулира со бројот на вработени во администрацијата

„Целосно се неточни тврдењата дека бројката на вработени во државната администрација изнесува 185.000. Таа е далеку од реалната, а текстот е политички тенденциозен. Од тие причини, а во интерес на граѓаните и на вистината, уште еднаш информираме дека во јавниот сектор се вработени 128.253 лица во вкупно 1.354 институции, вклучително и во јавните претпријатија и тоа е далеку помалку од бројката со која лажно се шпекулира во јавноста, се вели во писмената реација од МИОА

Во врска со невистинитите наводи изнесени во написите на Утрински весник, „Тројца вработени во приватен сектор „хранат“ еден административец’’ и „Не инвестициски, туку администрациски бум“, а подоцна дел од нив преземени и дополнети од одредени медиуми, Министерството за информатичко општество и администрација ги оценува како неточни, шпекулативни и груб обид за манипулација со јавноста, се вели во реакцијата од МИОА.

„Целосно се неточни тврдењата дека бројката на вработени во државната администрација изнесува 185.000. Таа е далеку од реалната, а текстот е политички тенденциозен. Од тие причини, а во интерес на граѓаните и на вистината, уште еднаш информираме дека во јавниот сектор се вработени 128.253 лица во вкупно 1.354 институции, вклучително и во јавните претпријатија и тоа е далеку помалку од бројката со која лажно се шпекулира во јавноста. Министерството за информатичко општество и администрација во повеќе наврати, а последен пат во јуни оваа година на конференцијата “Форум за јавна администрација”, на која беа присутни претставници на политичките партии, невладиниот сектор и релевантната академската фела, како и медиуми, јавно беа анализирани активностите на реформата на јавната администрација и презентирани податоци за бројот, обемот, структурата и трошоците за македонската јавна администрација“ се вели во писменото соопштение на МИОА.

Според дописот од Минисерството, податоците за бројот на вработени во институциите во јавниот сектор се континуирано достапни и за европските институции кои го мониторираат процесот на интеграции на државата.

„За појаснување, институциите на јавниот сектор во Македонија ги опфаќаат органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од единиците на локалната самоуправа“ пишува во соопштението.

Според МИОА со новиот Закон за вработени за јавен сектор, кој стапи на сила во февруари оваа година, Министерството доби надлежност почнувајќи од февруари 2016-та година, да воспостави и води Регистар на вработени во јавниот сектор и соодветно да објавува Годишни извештаи.

„Се до целосното воспоставување на Регистарот и подготовката на првиот Годишен извештај утврден со новиот закон, Министерството користи податоци добиени преку вкрстување на базите на повеќе релевантни институции“, завршува соопштението на МИОА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top