| четврток, 6 декември 2018 |

Рохани: Иран не е во сојуз со Русија против ИД, односите со САД се подобруваат

Iranian Armed Forces mark Sacred Defense WeekИранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека Техеран нема склучено коалиција со Русија за борба против екстремистите од „Исламска држава” на Блискиот Исток и дека односите меѓу Иран и САД се подобруваат, иако „се уште има да се оди долг пат” .

Спореда Рохани, рускиот претседател Владимир Путин му рекол дека Москва сака да игра поактивна улога во борбата против екстремистичката група во регионот.

Иранскиот претседател истакна и дека има подобрување во односите меѓу Техеран и Вашингтон.

– Ситуацијата секако се промени, рече Рохани, – Можеме да посочиме конкретни подобрувања, направени се многу чекори, но се уште има да се оди долг пат, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top