Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека Техеран нема склучено коалиција со Русија за борба против екстремистите од „Исламска држава” на Блискиот Исток и дека односите меѓу Иран и САД се подобруваат, иако „се уште има да се оди долг пат” .
Спореда Рохани, рускиот претседател Владимир Путин му рекол дека Москва сака да игра поактивна улога во борбата против екстремистичката група во регионот.
Иранскиот претседател истакна и дека има подобрување во односите меѓу Техеран и Вашингтон.
– Ситуацијата секако се промени, рече Рохани, – Можеме да посочиме конкретни подобрувања, направени се многу чекори, но се уште има да се оди долг пат, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.