| четврток, 6 декември 2018 |

Сета моќ и луксуз преточена во новиот модел на „Бентли“

Авто­мо­бил­ски­от па­зар во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни це­лос­но е во зна­кот на ур­ба­ни­те те­рен­ци. До­де­ка мно­гу­ми­на го кри­ти­ку­ва­ат овој тренд, се­га и лу­ксуз­ни­те про­из­во­ди­те­ли за­поч­наа да се нат­пре­ва­ру­ва­ат во сво­ја­та кла­са. Ком­па­ни­и­те „Мер­це­дес-Мај­бах“ и „Ролс-Ројс“ на­го­ле­мо ра­бо­тат на сво­и­те аду­ти, ме­ѓу­тоа бри­тан­ска­та авто­мо­бил­ска ком­па­ни­ја за про­из­водс­тво на лу­ксуз­ни авто­мо­би­ли пред­ни­чи пред кон­ку­рен­ци­ја­та, би­деј­ќи на Са­е­мот за авто­мо­би­ли во Фран­кфурт го прет­ста­ви сво­јот мо­дел „бен­тај­га“ во кон­ку­рен­ци­ја на ур­ба­ни те­рен­ци

„Бен­тај­га“ во се­кој сег­мент и без ди­ле­ма е нај­моќ­ни­от, нај­лу­ксуз­ни­от и нај­екс­лу­зив­ни­от мо­дел во оваа кла­са. Ко­га ста­ну­ва збор за ди­зај­нот, но­во­то ми­ле­ни­че на „Бент­ли“ го сле­ди кон­цеп­тот „ЕХП 9 Ф“ од 2012 го­ди­на, но се­пак, пред­на­та ма­ска мно­гу по­тсе­ту­ва на „Кон­ти­нен­тал ГТ“. Ур­ба­ни­от те­ре­нец до­би ЛЕД фа­ро­ви, пред­ни це­вки за вшму­ку­ва­ње во об­лик на бу­ква­та „B“ ка­ко и му­ску­лест стра­ни­чен изг­лед.

Bentley-Bentayga-001x

На кро­вот се мон­ти­ра­ни но­са­чи кои се изра­бо­те­ни од алу­ми­ни­ум, а во стан­дард­на опре­ма ку­пу­ва­чи­те ќе до­би­јат и па­но­рам­ски пог­лед кој по­кри­ва по­ве­ќе од 60 про­цен­ти од кро­вот по­де­лен на два па­не­ла. На нив е вгра­де­на и еле­ктрон­ска за­шти­та од сон­це.

Над­во­реш­ни­от изг­лед не­ма мно­гу да ги во­о­ду­ше­ви пре­фи­не­ти­те вку­со­ви, но од „Бент­ли“ пре­по­ра­чу­ва­ат де­ка по­ра­ди тоа што се за­ме­не­ти че­лич­ни­те де­ло­ви со алу­ми­ни­ум­ски, авто­мо­би­лот е по­ле­сен за 236 ки­ло­гра­ми.

Bentley-Bentayga-008

Во вна­треш­но­ста, тра­ди­ци­о­нал­но се иско­ри­сте­на ко­жа, др­во и ме­тал­ни еле­мен­ти. Вгра­ден е нов мул­ти­ме­ди­ја­лен си­стем со екран во бо­ја од 10,2 ин­чи со опе­ра­ти­вен си­стем ан­дро­ид, ви­фи и блу­тут. Во пред­ни­те се­ди­шта се вгра­де­ни ма­са­же­ри, гре­ја­чи и вен­ти­ла­ци­ја ка­ко и 22 по­зи­ции за прис­по­со­бу­ва­ње. Од оста­на­ти­те си­сте­ми кои „Бент­ли“ ги вгра­ди­ла во но­ви­от мо­дел, вред­но е да се спо­ме­нат си­сте­мот за пре­ду­пре­ду­ва­ње за на­пу­шта­ње на ли­ни­ја­та на дви­же­ње, си­сте­мот за пре­ду­пре­ду­ва­ње на мр­тов агол, пре­поз­на­ва­ње на со­о­бра­ќај­ни­те зна­ци, тем­по­мат, и си­сте­мот за по­мош при пар­ки­ра­ње кој нај­пр­вин го ја­ву­ва со­од­вет­но­то ме­сто за пар­кинг.

Bentley-Bentayga-014

Стан­дард­ни­от мо­дел „бен­тај­га“ ќе се про­из­ве­ду­ва со пет се­ди­шта, а мо­же да се до­бие и со че­ти­ри, до­де­ка од след­на­та го­ди­на ќе се ну­ди и мо­дел со три ре­да се­ди­шта.

Bentley-Bentayga-007

И по­крај тоа што „Бент­ли“ ја на­ма­ли вкуп­на­та те­жи­на, таа из­не­су­ва 2400 ки­ло­гра­ми, што не пре­ста­ву­ва го­лем проб­лем би­деј­ќи „бен­тај­га“ е прид­ви­жен од 12-ци­лин­дри­чен шест­ли­тар­ски мо­тор со 600 коњ­ски си­ли и 898 њутн-ме­три нај­го­лем вр­те­жен мо­мент. Во ком­би­на­ци­ја со осум­сте­пен авто­мат­ски ме­ну­вач, за­бр­зу­ва­ње­то од 0-100 ки­ло­ме­три на час из­не­су­ва са­мо че­ти­ри се­кун­ди, до­де­ка ма­кси­мал­на­та бр­зи­на е 300 ки­ло­ме­три на час.

Bentley-Bentayga-010

Се­та оваа си­ла и моќ има сво­ја це­на, па та­ка по­тро­шу­вач­ка­та на го­ри­во во ур­бан ре­жим на ра­бо­та из­не­су­ва по­ве­ќе од 20 ли­три на 100 ки­ло­ме­три, до­де­ка на отво­рен пат и ком­би­ни­ран ре­жим из­не­су­ва око­лу 14 ли­три.

Иа­ко мо­де­лот „бен­тај­га“ не е за­мис­лен за оние што се за­гри­же­ни за це­на­та на го­ри­во­то, ком­па­ни­ја­та „Бент­ли“ во ид­ни­на ќе ну­ди и ди­зел­ска и хи­брид­на вер­зи­ја.

Ис­по­ра­ка­та на овој нај­лу­ксу­зен ур­бан те­ре­нец ќе за­поч­не на по­че­то­кот на 2016 го­ди­на по це­на не по­ма­ла од 180.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top