„Бентајга“ во секој сегмент и без дилема е најмоќниот, најлуксузниот и најекслузивниот модел во оваа класа. Кога станува збор за дизајнот, новото милениче на „Бентли“ го следи концептот „ЕХП 9 Ф“ од 2012 година, но сепак, предната маска многу потсетува на „Континентал ГТ“. Урбаниот теренец доби ЛЕД фарови, предни цевки за вшмукување во облик на буквата „B“ како и мускулест страничен изглед.
На кровот се монтирани носачи кои се изработени од алуминиум, а во стандардна опрема купувачите ќе добијат и панорамски поглед кој покрива повеќе од 60 проценти од кровот поделен на два панела. На нив е вградена и електронска заштита од сонце.
Надворешниот изглед нема многу да ги воодушеви префинетите вкусови, но од „Бентли“ препорачуваат дека поради тоа што се заменети челичните делови со алуминиумски, автомобилот е полесен за 236 килограми.
Во внатрешноста, традиционално се искористена кожа, дрво и метални елементи. Вграден е нов мултимедијален систем со екран во боја од 10,2 инчи со оперативен систем андроид, вифи и блутут. Во предните седишта се вградени масажери, грејачи и вентилација како и 22 позиции за приспособување. Од останатите системи кои „Бентли“ ги вградила во новиот модел, вредно е да се споменат системот за предупредување за напуштање на линијата на движење, системот за предупредување на мртов агол, препознавање на сообраќајните знаци, темпомат, и системот за помош при паркирање кој најпрвин го јавува соодветното место за паркинг.
Стандардниот модел „бентајга“ ќе се произведува со пет седишта, а може да се добие и со четири, додека од следната година ќе се нуди и модел со три реда седишта.
И покрај тоа што „Бентли“ ја намали вкупната тежина, таа изнесува 2400 килограми, што не преставува голем проблем бидејќи „бентајга“ е придвижен од 12-цилиндричен шестлитарски мотор со 600 коњски сили и 898 њутн-метри најголем вртежен момент. Во комбинација со осумстепен автоматски менувач, забрзувањето од 0-100 километри на час изнесува само четири секунди, додека максималната брзина е 300 километри на час.
Сета оваа сила и моќ има своја цена, па така потрошувачката на гориво во урбан режим на работа изнесува повеќе од 20 литри на 100 километри, додека на отворен пат и комбиниран режим изнесува околу 14 литри.
Иако моделот „бентајга“ не е замислен за оние што се загрижени за цената на горивото, компанијата „Бентли“ во иднина ќе нуди и дизелска и хибридна верзија.
Испораката на овој најлуксузен урбан теренец ќе започне на почетокот на 2016 година по цена не помала од 180.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст