| четврток, 6 декември 2018 |

Шацимаркакис: Повеќе сум Грк отколку Германец!

Јорго Шацимаркакис вели дека нема да се кандидира повторно за европратеник бидејќи е „тешко да се работи со луѓе кои почнаа кампања против Грција”.

Шацимаркакис, кој е германски европратеник со грчко потекло, изјави дека нема да се кандидира за реизбор во Европскиот парламент поради антигрчкиот став на германските политичари.

Шацимаркакис, член на Слободна демократска партија (ФДП), помалaта партија во владејачката коалиција во Германија, изјави дека во моментот се чувствува повеќе како Грк отколку како Германец.

– Јас не можам да бидам автентичен политичар во Германија. Мојот ум, мојот дух, не го дозволува тоа – рече Шацимаркакис. Тој додаде дека антигрчките ставови биле особено силни во сопствената партија, чии политичари ја повикуваат Грција да ги продаде островите и Партенонот.

– Тие беа толку екстремни што не можев да одам на конвенцијата на партијата – рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top