| четврток, 6 декември 2018 |

Алисон Ричман: Многу е важно да го заробите вниманието на читателот!

Мо­рам да ви приз­на­ам де­ка ко­ри­ца­та на ма­ке­дон­ско­то из­да­ние на „Се­ќа­ва­ње на љу­бо­вта“ ми е нај­о­ми­ле­на. Ра­стре­пе­ре­на­та пе­пе­ру­тка е тол­ку пре­крас­на и ја за­ро­бу­ва се­та уба­ви­на и крш­ли­вост на љу­бо­вта за ко­ја се збо­ру­ва во кни­га­та, ве­ли Рич­ман

Ро­ма­нот „Се­ќа­ва­ње на љу­бо­вта“ од Али­сон Рич­ман чи­та­те­ли­те во Ма­ке­до­ни­ја го из­браа за нас­лов на ле­то­то. Де­ло­то на Рич­ман бе­ше но­ми­ни­ра­но за нај­до­бар ро­ман во 2014 го­ди­на во САД. „Се­ќа­ва­ње на љу­бо­вта“ е ре­ал­на, ви­стин­ска дра­ма, при­каз­на сме­сте­на по­ме­ѓу вол­шеб­на­та уба­ви­на на Пра­га и мо­дер­ни­от Њу­јорк. При­каз­на ста­ра пе­де­се­ти­на го­ди­ни со по­ра­ка ко­ја веч­но ќе жи­вее во ср­ца­та на ми­ли­о­ни­те чи­та­те­ли ши­рум све­тот… Со автор­ка­та на ро­ма­нот раз­го­ва­рав­ме за тво­ре­ње­то, за инс­пи­ра­ци­ја­та…

 

Зо­што од­лу­чи­вте да ста­не­те пи­са­тел? Ка­ко се слу­чи тоа?

Ричман: Јас сум ќер­ка на ап­стра­ктен сли­кар и на еле­ктро­ин­же­нер. Низ умет­нич­ка­та ле­ќа на мај­ка ми на­у­чив да го це­нам све­тот. Со неј­зи­но­то уче­ње сфа­тив де­ка сè око­лу нас има сво­ја бо­ја и свој со­став. Од та­тко ми на­у­чив де­ка чо­ве­кот ни­ко­гаш не мо­же не­што со­се­ма да раз­бе­ре, ако не го раск­ло­пи на со­став­ни­те де­ло­ви и по­тоа по­втор­но не го со­ста­ви. Пи­шу­ва­ње­то за ме­не е ком­би­на­ци­ја од наб­љу­ду­ва­ње на све­тот око­лу ме­не – не­го­ви­те бои, свет­ли­на­та и сен­ка­та, исто­вре­ме­но на­о­ѓај­ќи смис­ла во си­те не­го­ви сло­же­ни де­ло­ви. Пр­ви­от ро­ман поч­нав да го пи­шу­вам по за­вр­шу­ва­ње­то на фа­кул­те­тот. Отсе­ко­гаш ме фас­ци­ни­ра­ла иде­ја­та за ау­тсај­дерс­тво и оние кои се прив­ле­че­ни од зем­ји кои не им се та­тко­ви­на. Мо­јот прв ро­ман има­ше нас­лов „Си­нот на рез­ба­рот на ма­ски“ и во не­го се збо­ру­ва­ше за ја­пон­ски умет­ник кој са­кал да па­ту­ва во Па­риз и да сли­ка за­ед­но со им­пре­си­о­ни­сти­те. Бе­ше из­да­ден ко­га имав 26 го­ди­ни.

 

Ко­га пи­шу­ва­те ро­ман, што ви е нај­те­шко?

Ричман: Мис­лам де­ка по­че­то­кот е се­ко­гаш нај­те­жок. Мно­гу е важ­но да го за­ро­би­те вни­ма­ни­е­то на чи­та­те­лот и да му ја раз­бу­ди­те љу­бо­пит­но­ста. Се­ко­гаш се оби­ду­вам да го на­пра­вам тоа, та­ка што ро­ма­ни­те ги поч­ну­вам со не­од­го­во­ре­ни пра­ша­ња, па чи­та­те­лот се­ко­гаш е мо­ти­ви­ран да про­дол­жи да чи­та. На при­мер, зо­што Јо­зеф и Лен­ка дол­ги го­ди­ни мис­ле­ле де­ка оној дру­ги­от е мр­тов? Кои би­ле нив­ни­те дру­ги со­пруж­ни­ци со кои се вен­ча­ле по вој­на­та? И нај­важ­но, ка­ко пре­жи­ве­а­ле? Ако чи­та­те­лот е за­ин­те­ре­си­ран за овие пра­ша­ња, то­гаш ќе про­дол­жи да чи­та!

 

Alison-Richman-Sekjavanje-na-ljubovta

Ај­де да поз­бо­ру­ва­ме мал­ку за „Се­ќа­ва­ње на љу­бо­вта“. Зап­ле­тот е на­ви­сти­на тро­га­те­лен и воз­буд­лив, ве­ли­ко­душ­но дви­жеч­ки. Да­ли се те­ме­ли на на­стан кој мо­же­би се слу­чил во ва­ше­то се­мејс­тво? За­тоа што е мно­гу де­та­лен, осо­бе­но ко­га ста­ну­ва збор за жи­во­тот во ло­го­ри­те и во ге­то­то. Бе­ше ли по­треб­на обем­на истра­жу­вач­ка ра­бо­та за тоа?

Ричман: Ни­е­ден член од мо­е­то се­мејс­тво не бил во Евро­па во те­кот на Вто­ра­та свет­ска вој­на, ама јас имам евреј­ско по­тек­ло. Се­пак, ос­нов­на­та мо­ти­ва­ци­ја за да ја на­пи­шам оваа кни­га ми бе­ше умет­нич­ки­от дух. Да­ли умет­ник мо­же да соз­да­де не­што, и по­крај тоа што сè му е зе­ме­но? Ни­ка­де не про­чи­тав де­ка умет­ни­ци­те во кон­цен­тра­ци­о­ни­те ло­го­ри ус­пе­ва­ле да си го за­др­жат тво­реч­ки­от дух и да соз­да­дат умет­нич­ки де­ла отка­ко им би­ло зе­ме­но сè што има­ле. Ток­му тоа ме мо­ти­ви­ра­ше да ја на­пи­шам Се­ќа­ва­ње на љу­бо­вта. Ко­га ми­наа шест ме­се­ци, а јас сè уште истра­жу­вав за оваа кни­га, слуш­нав за двој­ка ко­ја би­ла раз­де­ле­на ре­чи­си ше­е­сет го­ди­ни, а по­тоа по­втор­но се срет­на­ле на свад­ба­та на нив­ни­те вну­ци. Ама, тој дел од при­каз­на­та се по­ја­ви отка­ко поч­нав да ја истра­жу­вам умет­нич­ка­та стра­на на ро­ма­нот.

 

Кои се ва­ши­те оми­ле­ни авто­ри?

Ричман: Го са­кам Га­бри­ел Гар­си­ја Мар­кез, Ијан Мек­ју­ан, Кар­лос Ру­из За­фон, Ни­кол Кра­ус и мо­јот нов фа­во­рит, Ен­то­ни Дор.

 

Мис­ли­те ли де­ка ко­ри­ца­та игра важ­на уло­га во про­даж­ба­та?

Ричман: Ап­со­лут­но. Уба­ви­те и ско­кот­ли­ви чи­тач­ки клу­бо­ви се­ко­гаш би­ле прив­леч­ни за лу­ѓе­то. Мо­рам да ви приз­на­ам де­ка ко­ри­ца­та на ма­ке­дон­ско­то из­да­ние на Се­ќа­ва­ње на љу­бо­вта ми е нај­о­ми­ле­на. Ра­стре­пе­ре­на­та пе­пе­ру­тка е тол­ку пре­крас­на и ја за­ро­бу­ва се­та уба­ви­на и крш­ли­вост на љу­бо­вта за ко­ја се збо­ру­ва во кни­га­та.

 

Има­те ли оми­ле­ни па­ра­гра­фи во Се­ќа­ва­ње на љу­бо­вта? Јас имам мно­гу.

Ричман: Мо­и­те оми­ле­ни ре­че­ни­ци се нај­ве­ро­јат­но овие: „За да пре­жи­ве­ам во но­ви­от и су­ров свет, мо­рав да се убе­дам се­бе­си де­ка љу­бо­вта е ка­ко умет­нич­ка сли­ка. Не­га­тив­на­та праз­ни­на ме­ѓу лу­ѓе­то е важ­на исто кол­ку и по­зи­тив­ни­от про­стор што го за­фа­ќа­ме. Воз­ду­хот ме­ѓу на­ши­те зас­па­ни те­ла и зди­во­ви­те ме­ѓу раз­го­во­ри­те се бе­ли­ло­то на плат­но­то. Дру­ги­те на­ши ми­го­ви – сме­а­та и се­ќа­ва­ња­та – се дви­же­ња на че­ткич­ка­та на­пра­ве­ни во те­кот на вре­ме­то“.

 

Ка­ко ги прет­ста­ву­ва­те ли­ко­ви­те во ва­ша­та кни­га? Мис­лам, ка­ко ги ожи­ву­ва­те на оној осо­бен на­чин? Што ја пра­ви Мар­та да би­де Мар­та, а Јо­зеф да би­де ток­му она­ков ка­ков што е – Јо­зеф?

Ричман: Ин­те­рес­но пра­ша­ње. Мо­же­би ќе зву­чи по мал­ку на­луд­ни­ча­во, ама ли­ко­ви­те всуш­ност збо­ру­ва­ат со ме­не. Во гла­ва­та им ги слу­шам гла­со­ви­те, нив­ни­те мис­ли се во мо­јот ум и дла­бо­ко во ср­це­то ги чув­ству­вам нив­ни­те емо­ции. Тоа мо­рам да го пре­то­чам на се­ко­ја стра­ни­ца.

 

Мис­ли­те ли де­ка по­и­на­ков зап­лет, по­и­на­ква зад­ни­на би соз­да­ла и по­и­на­кви ли­ко­ви во Се­ќа­ва­ње на љу­бо­вта? Мо­же ли да по­стои по­и­на­ква при­каз­на со исти­те ли­ко­ви? Што би се слу­чи­ло ако тие по­и­на­ку ре­а­ги­ра­ат во да­де­ни­те окол­но­сти? Отсе­ко­гаш сум се пра­шу­ва­ла за овие ра­бо­ти.

Ричман: Мис­лам де­ка по­и­на­ков зап­лет во огром­на мер­ка би ги сме­нил и ли­ко­ви­те. Ако Лен­ка ги оста­ве­ла ро­ди­те­ли­те, нај­ве­ро­јат­но ќе за­вр­ше­ла ка­ко Ама­ли­ја. Се­ко­ја од­лу­ка што ја пра­ват ли­ко­ви­те има вли­ја­ние врз оста­то­кот од нив­ни­те жи­во­ти. Сме­не­те ед­на од тие од­лу­ки и сè дру­го во кни­га­та ќе би­де по­и­на­ку.

 

Очиг­лед­но е де­ка мно­гу го са­ка­те Ан­то­ан де Сен Ег­зи­пе­ри и не­го­ви­от Ма­ли­от принц. Пре­кра­сен по­да­рок е ро­ман за не­го и за не­го­ва­та инс­пи­ра­ци­ја да го на­пи­ше Ма­ли­от принц. Ку­ќа­та на пис­ма­та поч­ну­ва со ци­тат од иста­та кни­га. Зо­што ток­му тој?

Ричман: Ед­на од те­ми­те во Ку­ќа­та на пис­ма­та, мо­јот нов ро­ман, кој се по­ја­ви во САД ми­на­та­та есен е ка­ко ние, лу­ѓе­то, ус­пе­ва­ме да ко­му­ни­ци­ра­ме без збо­ро­ви. Ма­ли­от принц крие две при­каз­ни. Ед­на­та е на­пи­ша­на за де­ца, а онаа под­ла­бо­ка­та е за во­зрас­ни­те. И со­др­жи скри­е­на по­ра­ка: де­ка мо­же­ме да љу­би­ме и да се гри­жи­ме за дру­ги­те ду­ри и од да­ле­чи­на, ду­ри и по смрт­та. Во Ку­ќа­та на пис­ма­та мо­и­те ли­ко­ви ко­му­ни­ци­ра­ат пре­ку му­зи­ка и кни­ги, но и пре­ку нив­ни­те ср­ца.

 

Откри­вте ли не­што из­не­на­ду­вач­ко не са­мо за вас, ту­ку и за оние око­лу вас, пи­шу­вај­ќи ја Се­ќа­ва­ње на љу­бо­вта? За­тоа што јас сум убе­де­на де­ка се­кој ро­ман, осо­бе­но ва­ков – емо­ти­вен, та­жен, а се­пак пре­полн со на­деж – мо­ра да има не­ка­кво вли­ја­ние врз скри­е­но­то, вна­треш­но би­тие на се­кој автор.

Ричман: Да, соз­да­ва­ње­то на Се­ќа­ва­ње на љу­бо­вта има­ше огром­но вли­ја­ние врз ме­не. Ме при­ну­ди да ја раз­бе­рам огром­на­та моќ на чо­ве­ко­ви­от дух. Ние сме мно­гу по­сил­ни откол­ку што мис­ли­ме. Исто та­ка, ми ја откри и мо­ќта на љу­бо­вта, на се­ќа­ва­ња­та и на кре­а­тив­ни­те умет­но­сти. Си­те овие не­шта мо­же да нè хра­нат во мрач­ни и во те­шки ми­го­ви мно­гу по­ве­ќе откол­ку што мо­же­ме да си за­мис­ли­ме.

 

Да­ли че­сто ви се ја­ву­ва­ат чи­та­те­ли? Што нај­че­сто ви ве­лат? Во пос­лед­но вре­ме по­сто­јат мно­гу со­ци­јал­ни мре­жи, па убе­де­на сум де­ка има­те ши­ро­ка мре­жа след­бе­ни­ци.

Ричман: Обо­жа­вам ко­га ми пи­шу­ва­ат чи­та­те­ли­те, а до­би­вам по­ра­ки од лу­ѓе­то од це­ли­от свет. Фа­ла му на Бо­га за пре­во­дот на Гугл! Со­ци­јал­ни­те мре­жи нè збли­жу­ва­ат, а си­те мои чи­та­те­ли ми да­ва­ат огром­на под­др­шка за ро­ма­нот. До­би­вам и мно­гу еле­ктрон­ски по­ра­ки во кои ве­лат де­ка кни­га­та ги расп­ла­ка­ла и де­ка Се­ќа­ва­ње на љу­бо­вта им е оми­лен ро­ман.

 

Што го пре­тво­ра зап­ле­тот, иде­ја­та, во до­бра при­каз­на? Што е не­оп­ход­но ед­на иде­ја да се пре­тво­ри во до­бро че­ти­во? За­тоа што очиг­лед­но е де­ка во Се­ќа­ва­ње на љу­бо­вта сте ја втка­и­ле ва­ша­та ду­ша во жи­во­тот на ли­ко­ви­те.

Ричман: Мис­лам де­ка и пи­са­те­лот, а не са­мо чи­та­те­лот, тре­ба да би­де љу­бо­пи­тен за ли­ко­ви­те и за кра­јот на нив­но­то па­ту­ва­ње. Јас ви­стин­ски чув­ству­вав де­ка ги жи­ве­ам жи­во­ти­те на мо­и­те ли­ко­ви.

 

Сте со­ну­ва­ле ли де­ка не­ко­гаш ќе ста­не­те пи­са­тел­ка?

Ричман: Да, отсе­ко­гаш сум са­ка­ла да ста­нам пи­са­тел­ка!

 

Во кој жанр би ги вбро­и­ле ва­ши­те ро­ма­ни?

Ричман: Исто­ри­ска и ли­те­ра­тур­на фик­ци­ја.

 

Ка­ко ги про­мо­ви­ра­те ва­ши­те де­ла?

Ричман: Па­ту­вам низ САД, и збо­ру­вам за мо­и­те ро­ма­ни и де­ла. Имав пре­крас­на мож­ност да збо­ру­вам и во Ита­ли­ја. Би са­ка­ла да дој­дам еден ден и во Ма­ке­до­ни­ја!

 

Пишува: Невена Поповска
(Текст објавен во 159. број на неделникот „Република“, 18.09.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top