Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска изјави дека планира да ја отвори за транспорт границата со Србија денеска или утре.
– Имам интензивни консултации со соработниците за анулирање, денеска или утре, на мерките кои бевме должни да ги преземеме на границата со Србија – изјави Милановиќ пред новинарите, во време кога ЕУ побара од Загреб итно објаснување за блокадата.
Хрватскиот премиер нагласи дека во секој момент, кога ќе процени дека тоа е во интерес на Хрватска, таквите или други слични мерки ќе бидат воведени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.