Засега нема влијание случувањето на српско-хрватската граница, на дневна основа ги следиме случувањата и во поширокиот регион. Имаме развиено акциски план во кој се утврдени и среднорочни мерки, така што не исклучуваме и влијание на трендовите во Република Македонија поврзано со емиграциските процеси.
Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Митко Чавков на новинарско прашање дали ќе има влијание состојбата на границата меѓу Србија и Хрватска врз состојбата со справувањето со емигрантите, кои транзитираат низ Македонија.
Тој нагласи дека засега Република Македонија успешно ја менаџира кризата со бегалците.
Во врска со 17 милиони евра одобрени од ЕУ за Македонија и за Србија, министерот Чавков истакна дека секоја финансиска помош е добредојдена.
– Факт е дека досега бевме оставени сами на себе, меѓутоа со интензивна меѓународна активност од страна на МВР и на МНР, заедно со добар дел од политичарите и лидери од европски држави, кои беа во посета на Републикиа Македонија, успеавме да го свртиме вниманието и да сфатат дека Македонија е дел од решавањето на проблемите со емиграциските процеси, а нашите напори, кои се вложуваат, се максимални во согласност со нашите капацитети – појасни Чавков.
Според министерот за внатрешни работи, фактот дека има засилени мерки и активности што значат редукција на движењето од Србија кон Хрватска, кон Унгарија, од Хрватска кон Словенија…, ќе има одредено влијание и покрај тоа, нагласи Чавков, се очекува и временските околности, исто така, да имаат влијание на динамиката и на трендовите на емиграциските процеси и низ Република Македонија. Во тој контекст, подвлече, се изработуваат и соодветни сценарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Европа е подложена на миграциска инвазија која наскоро ќе не направи малцинство
-
Меркур неделава влијае врз сите, но посебно силно врз овие знаци
-
Кога часовник ќе покаже 11:11– што ви порачува магичниот спој на четири единици
-
Виена со студен туш кон Атина: Завршете си го својот дел од работата со миграцијата