| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва на МОТ претставата на Дуковски „Друга страна“ на театарот од Атина

Атинскиот танцов театар „Лидија Литос“, со изведба на претставата „Друга страна“, ќе го отвори третиот ден на 40. Млад отворен театар.

druga strana

Претставата е на Дејан Дуковски, во режија на Фенија Апостоли, и ќе се одигра во 20 часот во Младинскиот културен центар. „Друга страна“ е драма за човечките соништа и за страсната борба на луѓето да сакаат и да бидат сакани кога се заробени во една уништена држава.
„Лидија Литос“ работи во областа на современиот танц, физичкиот театар и на изведувачките уметности.

Вечерта на МОТ ќе се затвори со „Солун, град на духови“ во режија на Слободан Унковски. Претставата ќе ја изведе Театарот на навигаторот Цветко од Скопје, и тоа во Музејот на холокаустот во 22 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top