Атинскиот танцов театар „Лидија Литос“, со изведба на претставата „Друга страна“, ќе го отвори третиот ден на 40. Млад отворен театар.
Претставата е на Дејан Дуковски, во режија на Фенија Апостоли, и ќе се одигра во 20 часот во Младинскиот културен центар. „Друга страна“ е драма за човечките соништа и за страсната борба на луѓето да сакаат и да бидат сакани кога се заробени во една уништена држава.
„Лидија Литос“ работи во областа на современиот танц, физичкиот театар и на изведувачките уметности.
Вечерта на МОТ ќе се затвори со „Солун, град на духови“ во режија на Слободан Унковски. Претставата ќе ја изведе Театарот на навигаторот Цветко од Скопје, и тоа во Музејот на холокаустот во 22 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



