| четврток, 6 декември 2018 |

Извештај на австриската полиција: Белгалците ја загрозуваат безбедноста на Австрија

avstrija-migranti

Во австриските медиуми „протече“ таен документ во кој полицијата тврди дека бегалците претставуваат опасност за внатрешната сигурност на земјата.

Австријците документот го испратиле и до властите во Баварија. Во него австриското МВР наведува дека во случај на подолго задржување на поголем број бегалци тоа би претставувало опасност за јавниот ред и мир и за безбедноста.

Во документот се наведува дека власта во случај на поголем прилив на бегалци се плаши од верски судири. Во извештајот, исто така, пишува дека се „забрзало“ патувањето на луѓето што доаѓаат од Грција. Претходно бегалците од Македонија и од Србија патуваа до две недели а сега патувањето трае од 12 до 16 часа.

Стручњаците што го изработиле документот тврдат дека со оглед на состојбата на границата со Турција и со Сирија може да се случи се повеќе турски Курди да се обидуваат да дојдат во Европа. Исто така, се наведува дека во Турција се наоѓаат околу четири милиони бегалци од Сирија и од Ирак, но само околу 10 проценти се во добро организирани центри на југот на границата.

Документот го коментираше и австриската полиција од каде што велат дека нема паника и дека овој извештај се однесува само во случај да во Австрија дојдат 250.000 бегалци. Овие денови се очекуваат уште 85.000 бегалци.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top