| четврток, 6 декември 2018 |

Платите растат во Шпанија, Реал и Барса се блиску до милијарда (фото)

Шпанските фудбалски клубови добија право да ги зголемат платите на играчите за 32 проценти, а најмногу ќарија најбогатите и најпознатите Реал Мадрид и Барселона. Во вкупна бројка прволигашите во Примера дивизија ќе можат да потрошат дури 412 милиони евра повеќе, а на врвот е Реал Мадрид, пред Барселона.

„Кралскиот“ клуб од Мадрид ќе има на располагање за плати 431,3 милиони евра, а Катлонците се зад нив со 421,7 милиони евра. Или заедно речиси една милијарда евра само за плати на играчите. Зад двата гиганти се Атлетико Мадрид со 159,6 милиони евра, Валенсија со 122,8 и Севилја со 105,1 милиони евра. Сите останати се под 100 милиони.

spanija

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top