| четврток, 6 декември 2018 |

Анализа: „Банкарските кризи ќе се шират низ Европа“

evropska-centralna-banka2По финансиската катастрофа на Кипар, банкарските кризи ќе се прошират во цела Европа, а загубите ќе ги покриваат првично штедачите и сопствениците на пропаднатите банкарски организации, додека помошта од ЕУ ќе уследи потоа, предвидуваат експерти на данската Саксо банка.

Тоа значи според нив, дека „веќе никакви депозити во Европа нема да бидат заштитени бидејќи сме на прагот на период во кој политичката логика е посилна од економската“.

На Кипар се уште не се смирува ситуацијата по колапсот на банките, од каде според извештаи на локални медиуми, „снаодливи компании и три лица“ изнеле околу половина милијарда евра за време од две недели „банкарски одмор“ кога трансферот на пари бил формално забранет.

Според наводи на медиуми во Никозија, кипарски, руски и украински фирми успеале да избегнат намалување на нивните депозити додека Фајнешал тајмс објавува дека за тој скандал во следните три месеци ќе се води истрага која лично ја наредил претседателот на Кипар Никос Анастасиадис. Тој сепак се споменуваше како еден од учесниците во илегални финансиски трансакции во време на забрана на повлекување пари од влогови во домашни банки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top