Јапонскиот иноватор Кунијаки Като е дизајнерот на „вок кар“, транспортно средство со големина на лаптоп, кое се вклопува во кој било ранец. Се состои од лесни алуминиумски панели под чии агли се наоѓаат тркалцата, наменет за транспорт на еден човек со тежина до 120 килограми, а неговиот пронаоѓач, го нарече „најмалиот автомобил во светот“, објави „Скопје ид“. Достапни се две верзии, за надворешна употреба и за во затворени простории, може да постигне брзина од 10 километри на час и се напојува со литиумска батерија. „Вок кар“ почнува да се движи кога некој ќе застане на него, насоката се менува со пренесување на тежината од една нога на друга, и ќе престане да се движи штом патникот застане на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.