| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е јапонскиот монструм кој уби 19 инвалиди(фото)

japon

Монструмот кој во Јапонија уби најмалку 19 инвалиди и повреди 45 лица се вика Сатоши Уемацу и има 26 години.

Уемацу ја запрепастил полицијата кога се појавил во станицата со  вреќа полна крвави ножеви. Имено, тој предавјќи го оружјето рекол„јас тоа го направив“ и „подобро е инвалидите да исчезнат“.

Уемацу за кратко време, со помош на своето крваво оружје, успеал да убие или повреди третина штитеници во домот за немоќни лица во близина на Токио. Нападот се случил вчера, а во монструозното злосторство убиени се 19 стари и немоќни лица, додека ранети се 26, од кои 20 се во критична состојба.

japon2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top