| четврток, 6 декември 2018 |

Пусиќ: Спорот за Превлака може да се реши со договор со Црна Гора

весна

Хрватска и Црна Гора имаат многу добри односи и останатите отворени прашања треба да се решаваат, но без да се дозволи негативно да влијаат на односите на двете земји, изјави хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ.

Пусиќ, зборувајќи конкретно за прашањето за Превлака, истакна дека прашањето за границата е можно да се реши и со директен договор, а доколку тоа не е можно тогаш Меѓународниот суд на прадвата е најдобра адреса за тоа.

Хрватската министерка во интервју за црногорскиот весник „Победа“ изјави дека Загреб веќе на самитот во Велс минатата година сметал дека Црна Гора заслужува повик за членство во НАТО.

– Хрватска ги следи вашите напори за исполнување на критериумите и знаеме дека имате остварено видлив напредок, што ве прави подготвени за полноправно членство- изјави Пусиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top