Мишел Платини е главен фаворит за нов претседател на ФИФА на изборите во февруари следната година, кога ќе се знае кој ќе го наследи „вечниот“ Сеп Блатер. Поранешниот француски ас моментно е прв човек на УЕФА, а ветува дека ќе нема политика во Светската фудбалска куќа.
„Ако ме изберат мене за претседател во ФИФА ќе се говори само за фудбал. Политиката ќе ја исфрлиме надвор“, изјави Платини.
Критичарите возвратија дека Платини говори едно, а во пракса постапува сосема поинаку. Тие потсетија дека токму тој во координација со францускиот претседател Саркози во 2010 година гласал за Катар да биде домаќин на СП во 2022 година, а најтврдокорните противници на Платини тврдат дека за тоа земал и пари. Медиумите објавија информација дека првиот човек на УЕФА добил мито од 5 милиони евра за да гласа за Катар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.