„Ги почитуваме различностите, секој религиски систем се темели на вистинските вредности, кои за жал, некој во ова време се обидува да ги искриви. Почитта, љубовта кон ближниот, доблеста да им се помага на другите и, пред сè, човечноста, е нашиот главен поттик заеднички да го чествуваме еден од најголемите муслимански празници, затоа што, пред се сме луѓе, во овој случај жени, кои независно од религиската припадност денес водат своја борба за вистинско вреднување на својата положба во општеството“, изјави претседателката на ОК на УЖ ВМРО-ДПМНЕ Битола, д-р Анита Ангелевска. Таа, исто така, најави дека оваа целна група, останува и натаму во нивниот фокус на дејствување.
– Почнуваме со неформално дружење, кое во следната фаза треба да продолжи со серија едукативни работилници на теми, кои ќе го подобрат квалитетот на животот на жената од оваа национална заедница: образованието и жената, жената во политиката, жената и нејзиниот ангажман во невладиниот сектор, важноста на здравствената едукација – додава таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.