| четврток, 6 декември 2018 |

Абароа: Односите со Македонија напреднаа по воведувањето директнa авио­врскa

Шпанија е лојален член на Европската унија и покажува високо ниво на европска солидарност што се потврди во сите кризи како за време на балканските, така и сегашната со емигрантите.

abaroa

– Односите меѓу Шпанија и Македонија се значително напреднати од јули лани по воведувањето на директната авио­линија до Барселона, изјави денеска во Скопје амбасадорот на Кралството Шпанија Рамон Абароа. В година ќе одбележиме 30­-годишнина од нашето пристапување во ЕУ, односно Европската заедница како што беше нарекувана во тоа време. Во овие 30 години мојата земја длабоко се трансформираше и стана зрела демократија, високо развиена земја каде населението ужива висок животен стандард. Низ сите овие години Шпанија беше лојален член на Унијата и активно придонесуваше во спроведувањето на реформите предвидени со договорите, а покажа и високо ниво на европска солидарност. Таа покажа солидарност и со овој дел на Европа за време на балканските кризи. Ние испративме 46.000 војници само во Босна, а имавме и база во Исток, во западно Косово за време на кризата. Само пред неколку дена Шпанија прифати и значајна квота на мигранти со што стана трета меѓу земјите на ЕУ според бројот на примени бегалци, посочи амбасадорот Абароа на денешното „Шпанско утринско кафе“ („Spanish Coffee Morning” организирано од Велком центарот Македонија и Шпанската амбасада.

Тој подвлече дека Шпанија денес е високо софистицирано општество и земјата нуди многу повеќе од сонце и море. Од јули лани по воведувањето на директната авио­линија до Барселона односите меѓу Шпанија и Македонија се значително напреднати.

Шпанија е трета туристичка дестинација на светско ниво. Секоја година ја посетуваат близу 60 милиони туристи, а 82 проценти од нив повторно се враќаат во земјата. Тие се четврта економија во еврозоната. Земјата успешно ја преброди и најголемата досега економска криза постигнувајќи оваа година раст на економијата од повеќе од три проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top