Најголемиот број туристи што заминуваат за Рим сакаат да ги видат Колосеумот и Ватикан, меѓутоа сите тие прават една голема грешка.
Имено, редот за влез во Колосеумот, а особено во Ватикан и во Сиктинската капела може да биде многу голем и луѓето да чекаат по неколку часа.
Затоа најпаметно е билетите да ги купите однапред преку интернет. Тоа ќе ве чини неколку евра повеќе, но секако ќе ви заштеди многу време, кое инаку би го поминале во чекање ред.
Кога на интернет ќе резервирате билети, исто така, одредете го и времето кога ќе ја посетите саканата атракција. Купувањето билети преку интернет е мошне едноставно и можете да избирате меѓу тура со водич и самостојна посета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Што се случува вечерва во Рим (видео)
-
Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов на Деновите на Св.Кирил во Рим
-
Заради новогодишната елка ќе завршат на суд: Римскиот „шугавец“ го платиле 50 000 евра, граѓаните велат дека личи на четка за вц – шојла
-
Фудбалерот на Шапекоенсе кој ја преживеа авионската несреќа на голема врата се врати во фудбалот: Даде гол во Рим