Седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ заврши вчеравечер со претставата „Чорбаџи Теодос“ во изведба на младите актери од драмското студио при Националната установа „Центар за култура“ – Крива Паланка и средношколците од гимназијата „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.
Претставата ја режираа професорката од СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, Лиле Стојановска и раководителот на драмското студио , режисерот Глигор Цветковски.
По затворањето на фестивалската програма официјалниот крај на фестивалот беше означен со спуштање на фестивалското знаме.
– На овој театарски фестивал кој траеше од 14 до 23 септември учествуваа реномирани театри од земјава и регионот. Настапија нашите драги гости од Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска и Македонија, се одиграа девет претстави, а Кривопаланчани можеа да уживаат во комедиите кои ги засмеаја до солзи. И годинава средствата од влезниците кои имаа симболична цена ќе бидат донирани во хуманитарни цели, а задоволството ми е што фестивалот прераснува во значајна културна манифестација препознатлива за Крива Паланка-изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алекосвски.
Тој упати благодарност за присуството на сите фестивалски изданија , како и за несебичната поддршка за развој на фестивалот до доајенот на макеоднското глумиште, Кривопаланчанката Милица Стојанова.
Лауреат на годинашниот фестивал беше познатиот македонски драматург, критичар и дипломат, Јордан Плевнеш.
Фестивалот се органзиира под покровителство нс локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.