| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од премиерот Груевски по повод Курбан-бајрам

гру

Премиерот Никола Груевски упати честитка до поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија, господин реис ул-улема-хаџи Сулејман-ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, по повод големиот муслимански верски празник Курбан Бајрам.

– На овој голем ден за сите припадници на исламската верска заедница би сакал да упатам искрена желба за среќни и благословени празнични денови минати во добро здравје со најблиските. Нека празникот донесе мир, спокој и бериќет. Искрено верувам дека и понатаму ќе продолжиме заеднички да го зајакнуваме и надградуваме принципот на соживот, толеранција и пријателство кој е карактеристичен за нашето општество. Вербата во Бога и во неговата порака до луѓето да ја преточиме во дела кои ќе значат зајакнување на меѓучовечките односи и добрата волја кои се темелот на кој се гради иднината на една држава. Тоа е единствениот пат кој води до посилна Република Македонија во која секој граѓанин има еднакви услови за живот, среќа и реализација на сопствените амбиции. Вредности кои уверен сум дека ги споделуваме и на чие остварување и во иднина ќе продолжиме да работиме – се вели во честитката од премиерот Груевски по повод Курбан-бајрам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top