ЕВН Македонија денеска го отвори својот нов Кориснички енерго центар во Тетово. Според претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер станува збор модерен и функционален објект со лесен пристап за потрошувачите и соодветен паркинг простор.
Истовремено, како што рече, со него компанијата сака да придонесе во подобрувањето на условите за работа на вработените со зголемување на нивните можности за подобра организација и опслужување на поголем број корисници истовремено.
– Во 21-от век нормално е да можете да не контактирате преку телефон, интернет или веб страната, но не треба да се заборави дека има многу наши клиенти што сакаат директно да не конатактираат и за што ние треба да обезбедиме соодветни услови. Мислам дека тоа успеавме да го постигнеме оваа зграда што е направена согласно ЕВН стандардите, изјави Петер.
Тој посочи дека на технички план ЕВН Македонија во последните две години инвестирала и над пет милиони и триста илјади евра во Тетовско за изградба или обнова на 80 трафостаници, како и електро мрежа во должина од над 80.000 метри.
Од ЕВН Македонија информираа дека ќе продолжат со инцестиции во Тетовско, како и во другите места низ државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.