Иако нема да имаме идеално сончев викенд, сепак нема да имаме многу простор да се пожалиме на времето овие два слободни дена што се пред нас.
Според Метеопро в сабота рано наутро сѐ уште ќе има умерена облачност во поголем дел од земјата, особено источниот. Но, тенденцијата ќе оди кон намалување на облачноста и подолги сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб ветер, претежно од северен и од северозападен превец.
Температурата ќе има максимална вредност околу 24 степени во повардарскиот регион, околу 22 во Пелагонија и Полог, до 20 во повисокиот дел од истокот, како и во охридско-преспанскиот крај.
Недела во однос на сабота ќе биде посвежа за „степен до два“. Можно е сосема слабо да „пророси“ во повисоките делови на крајниот запад, како и во малешевскиот регион.
Повеќе на Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст