| четврток, 6 декември 2018 |

Викенд со сонце

cirrus_esen-1

Иако нема да имаме идеално сончев викенд, сепак нема да имаме многу простор да се пожалиме на времето овие два слободни дена што се пред нас.

Според Метеопро в сабота рано наутро сѐ уште ќе има умерена облачност во поголем дел од земјата, особено источниот. Но, тенденцијата ќе оди кон намалување на облачноста и подолги сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб ветер, претежно од северен и од северозападен превец.

Температурата ќе има максимална вредност околу 24 степени во повардарскиот регион, околу 22 во Пелагонија и Полог, до 20 во повисокиот дел од истокот, како и во охридско-преспанскиот крај.

Недела во однос на сабота ќе биде посвежа за „степен до два“. Можно е сосема слабо да „пророси“ во повисоките делови на крајниот запад, како и во малешевскиот регион.

Повеќе на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top