| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е ноќниот клуб во Берлин во кој не и дозволиле да влезе на Бритни Спирс, а после журка луѓето имаа секс кој со кого ќе стигне! (галерија)

Фамозниот клуб Berghain во Берлин е место во кое не и било дозволено да влезе ниту на Бритни Спирс, бидејќи не носела соодветна облека, пишува порталот „За се“. Клубот однадвор делува како стара електрана која ја опкружуваат осамен супермаркет и комунистичка архитектура. Но, преку викенд глетката е сосема поинаква. Освен што е омилено место на љубителите на rave забавите и електронската музика, овој клуб е и дом за неконформистите и сигурно уточиште за сите оние кои сакаат да ги исполнат своите најголеми сексуални фантазии.

bnxfgnxfgj

Станува збор ноќниот клуб Berghain во Берлин, а според светските магазини како New York Times и Rolling Stone овој клуб е и најдобриот ноќен клуб во Европа. За истиот кружат безброј приказни кои вклучуваат дрога, опсцен секс и неверојатно индустриско техно…Сепак треба да се истакне дека клубот е подеднакво познат по својата политика на дозвола на влез. Луѓето понекогаш чекаат со часови, за да на крај ги одбијат без ниту еден збор објаснување. Дури ни познатите не се имуни на таа политика. Познато е дека на почетокот на годината на Бритни Спирс не и било дозволено да влезе бидејќи не носела соодветна облека.

dfbhxxfhjxtr-640x426

Овој „рај на три катови” е отворен во 2004 година. Клубот го добил името по локацијата, бидејќи е сместен во источен Берлин, меѓу популарните квартови Креузберг и Фридрихсаин. Од петок навечер до понеделник наутро ова место ги хипнотизира љубителите на електронска музика и тоа во толкава мера што некои одлучуваат да останат цело време во овој бетонски лавиринт. Во едноставните тоалети огледалата се забранети, за гостите да не се исплашат од својот одраз после часови и часови забава.

Обиколена со жица, оваа градба се состои од Berghain, Panorama Bar и Sex den Laba.

Ораториумот е само за хомосексуалци. Таму мажите мораат да се соблечат и да ја остават облеката во вреќа пред да влезат внатре. Во текот на Велгиден, ова е дом на познатиот Snax Club. Односно, преку цел викенд се одржува секс и фетиш забава исклучиво за мажи.

Уште една позната точка на Berghain се фамозните темни соби, во кои гостите имаат секс под мотото „кој со кого ќе стигне” и во кои не важат правила.

Но, не е само таинственоста тоа што привлекува посетители, туку и најпознатите светски диџеи кои настапуваат во оваа берлинска атракција.

Вратарот Свен Маркарт е подеднакво голема легенда како и самиот Berghain. Тој во Берлин е своевидна ѕвезда и пионир во поставувањето на правилата на „правилно однесување” за луѓето на кои им е дозволен влез.

xfgjyjxyjxj-640x359

Постојат многубројни блогови и совети кои ве советуваат што треба да правите, а што да одбегнувате за да ви се зголемат шансите за влез во овој клуб. Постои дури и апликација која ќе ве извести за должината на редот и колку брзо се влегува во секој момент од денот.

xzfgjzxfjxz-640x359

Некои од советите се да не разговарате додека чекате (особено не на аглиски), да го оставите на страна мобилниот и да не се однесувате како турист.

Високите потпетици се „out”, црното е „in”, се претпочита минималистичка шминка, а било какви светликави елементи не се добредојдени.

Доколку успеете да влезете, тогаш треба да знаете дека во овој клуб нема толеранција за било какви камери. Па така ако бидете уловени како се обидувате да направите селфи или пак додека го снимате диџејот тогаш со сигурност ќе бидете избркани надвор.

Сепак, и покрај сите маки, правила и многу одбивање на крајот се исплати, пишува New York Post.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top