| четврток, 6 декември 2018 |

МКЦ ќе отвори сликарска школа

Младински културен центар ги проширува активностите со најмладите со отворање сликарска школа „Алтамира“ (ALTAMIRA) во просториите на установата.

Инструктори во сликарската школа ќе бидат истакнатите академски ликовни уметници: Симонида Филипова – Китановска и Касиопеја Наумовска.

Во рамките на оваа сликарска школа, заинтересираните ќе имаат можност да се запознаат со основите на сликарските техники, при што ќе доминираат акрил, маслени бои, акварел, основи на вајарство, тродимензионални форми – глина, како и сликање на стакло, а од ликовните техники ќе се применуваат цртеж, молив, пастел, јаглен. Мотивите, пак, ќе бидат различни, од урбан пејзаж, мртва природа, портрети до апстрактно сликарство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top