| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА го одби барањето на Барселона за да може да го регистрира Арда Туран за настап

arda turan

Турскиот интернационалец Арда Туран во летниот преоден рок ги смени клупските бои и од Атлетико Мадрид премина во редовите на Барселона. Тој знаеше дека ќе мора да паузира со настапи на зелените терени бидејќи Барселона беше казнета за регистрација на нови играчи до почетокот зимскиот преоден рок што стартува на 4.јануари.
Сепак Барса со дополнително барање упатено до ФИФА се обиде да го регистрира Туран пред да истече казната, особено по повредата на Рафиња која ќе го оддаелечи повеќе месеци од тимот. ФИФА го одби барањето и остана цврста на ставот дека казната мора да се почитува.

– Барселона мора да разбере дека санкциите изречени пред извесно време нема да престанат да важат се до нивното конечно истекување, на 4 јануари 2016 година. Дотогаш, нема да можат да бидат да бидат регистрирани новите фудбалери што Барса во меѓувреме ќе ги доведе во своите редови – порачаа од ФИФА.

Каталонскиот гигант има опција да се жали на оваа одлука до Спортскиот суд во Лозана, но најверојатно нема да се реши на ваков чекор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top