| четврток, 6 декември 2018 |

Сопружници од Прилеп осомничени за перење пари

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција  поднесе кривична пријава против сопружниците К.М. (58) и Е.М. од Прилеп за неовластено примање подароци и перење пари, соопшти МВР.

Против осомничениот К.М., порано управител на „Берлин Компани“ ДОО Прилеп поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела „неовластено примање подароци“ по член 253, „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 став 10 и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353, како и против неговата сопруга Е.М. (52) од Прилеп за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273став 10 во врска со став 2 од КЗ на Р.М

– Пријавениот К.М. во периодот од 2008 година (кога бил вработен како управител на „Берлин Компани“ ДОО Прилеп) преку вршење „консултантски услуги“ врз основа на два договора за консултантски услуги со правните лица од Скопје (синџири за малопродажба), побарал и примил „подарок“ парични средства во износ од 90.000 евра со што ги запоставил интересите и предизвикал штета на „Берлин Компани“ за сумата која ја примил. Овие средства К.М. ги примил во име на правното лице на лична сметка и дел ги искористил на тој начин што со вршење на повеќе трансфери ги префрлил на сметката на својата сопруга, пријавената Е.М. за купување недвижности (два деловни објекти) сопственост на Берлин Компани, а дел за купување на стан на име на неговата ќерка. При продажба на деловните објекти сопственост на „Берлин Компани“, првопријавениот ја искористил службената положба како управител на „Берлин Компани“ за себе и својата сопруга да прибави имотна корист на штета на правното лице со кое управувал, во вкупен износ од над 30.000.000 денари. Исто така, К.М. во период од 2007 до 2011 година преку поднесување невистинити податоци, фалсификувани изјави за законско застапништво, кои не биле нотарски заведени, спротивно на Законот за трговски друштва, станал законски застапник на повеќе од една четвртина (сите физички лица и 17 правни лица) од вкупниот број иматели на удели во друштвото „Берлин Компани“ ДОО Прилеп, се наведува во соопштението на МВР.

Осомничените, според МВР, во повеќе наврати во 2008, 2010 и 2013 година извршиле кривични дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top