Европскиот суд денеска потврди дека одлуката на Европската комисија од 2000 година, според која САД гарантираат доволна заштита на личните податоци на граѓани од ЕУ, е невалидна.
Во заклучокот се наведува дека државите од ЕУ имаат право да го откажат префрлањето на лични податоци кон САД или кон други земји надвор од Унијата, кои недоволно го гарантираат степенот на лични податоци на Европејците. Судот соопшти дека САД масовно и без јасна цел ги собираат сите податоци за електронската комуникација од сервери на нивна територија.
– Извршеното набљудување од американските разузнавачки служби е масовно и без конкретна цел. Пристапот до личните податоци, со кои располагаат американските разузнавачки служби, ги вклучува сите луѓе и сите средства за електронска комуникација, како и сите префрлени податоци, без да се направи некакво разграничување, ограничување или исклучок, зависно од истрагата од заеднички интерес. Нема независен орган кој ќе изврши проверка во САД за прекршување на принципите на заштита на личните податоци од страна на јавни институции, како на пример американските служби за безбедност, во однос на европските граѓани- се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.