| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ помалку надежи за Шумахер, тој има само 45 килограми!

mihael shumaher

Заздравувањето на поранешниот шампион на Формула 1 ,Михаел Шумахер, оди во надолна линија. Надежите за неговото закрепнување се сѐ помали бидејќи тој има само 45 килограми и неговото тело не може да ги издржи сите терапии што ги прима.
Информациите што ги пласираат германските медиуми, велат дека тој воопшто не е во состојба да зборува, и не може да го исправи своето тело од креветот. Последните мерења биле фрапанти, Шумахер имал само 45 килограми. Освен тоа, Шумахер не може да ги познае своите најблиски кои ја губат вербата дека тој повторно ќе биде оној стариот.
Во декември се навршуваат две години од неговата несреќа што ја доживеа на скијање на француските Алпи.
По неколку месеци поминати во кома, Шумахер беше префлрен од клиниката во Гренобл во неговиот дом во Германија каде за него се грижат 15 доктори. Француските лекари предвидуваат дека за да може да се почувствува разлика во неговото здравје во позитивна насока се потребни најмалку три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top