Наскоро во киносалите ширум светот премиерно ќе биде прикажан „Биг шорт“, филмот во кој играат Бред Пит, Кристијан Бејл, Рајан Гослинг и Стив Карел. Покрај тоа што се врвни мајстори во својот занает, овие актери имаат уште нешто заедничко – тие се едни од најзгодните татковци во Холивуд.
Македонија можеби и не може да ги споредува сите свои актери со холивудските, но имаме еден голем адут – Никола Ристановски (46).
Актерот ја има 15-годишната ќерка Мила, која, како што изјави во едно интервју, најмногу ја учи на тоа – да мисли.
Ако Ристановски не е доволен, постојат уште неколку успешни Македонци, кои покрај одлична кариера, не заборавиле на семејството.
Бидејќи политиката ни е секојдневие, редно беше да се одбере и најзгодниот меѓу политичарите. Многумина ќе се согласат дека тој статус му припаѓа на поранешниот амбасадор на Македонија во САД и некогашен преговарач за спорот за името, Никола Димитров (43).
Политичарот од првиот брак ја има ќерката Јана, додека со втората сопруга ги има синовите Марко и Калин, кој се роди токму на роденденот на Никола.
Меѓу музичарите, ретки се оние што се оствриле во улогата на татко. Затоа, тука го вбројуваме бизнисменот и повремен пејач, Дарко Гелев – Брејк.
Брејк од првиот брак го има Марко, додека второто синче Давид го доби пред две години, со неговата сегашна сопруга, а поранешна мис на Македонија, Драгана Клопчевска.
Кога веќе сме кај бизнисмените, тука конкуренцијата е голема, но се одлучивме за Сашко Самарџиоски, генералниот директор на „Прилепска пиварница“.
Meѓу новинарите изборот, се разбира, е голем, посебно во редакцијата на „Република, но овојпат ќе го вброиме колегата од „Дневник“, Александар Манасиев.
Иако поголемиот дел од македонските спортисти, посебно ракометарите, во изминатите 2-3 години се оженија и создадоа семејство, некои работи остануваат константи, а тоа е дека меѓу нив со години епитетот згоден татко го држи интернационалниот ас Кире Лазаров.
Кире ужива да го поминува секој слободен ден со своите деца синот Благојче и ќерката Лана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.