Во организација на Министерството за култура на Република Македонија на 24 септември со почеток во 9:30 часот во Порта Македонија во Скопје ќе се одржи „Инфоден за програмите на Унијата: Креативна Европа, Европа за граѓаните и Хоризонт 2020“ и „Работилница за Креативна Европа – Потпрограма Култура (Категорија – Проекти за соработка )“.
Во соработка со Министерството за наука и образование, на настанот ќе бидат претставени структурата и критериумите на програмите на Унијата: ,,Европа за граѓаните’’ и ,,Хоризонт 2020’’ со цел организциите од повеќе сектори, меѓу кои и културните и креативните сектори во РМ, да се запознаат со други можности за подготовка на европски проекти. Инфо-денот е наменет за претставниците од културниот сектор (владини и невладини организации од областа на културата), приватните организации, образовните и научните установи, претставниците на општините, локалните институции од областа на културата и други потенцијални квалификувани корисници.
Покрај информативните презентации за трите програми на Унијата, во рамките на настанот ќе се одржи „Работилница за категоријата – Проекти за соработка на потпрограмата култура“, на која детално ќе бидат разгледани електронската апликација, буџетскиот формулар и останатата пропратна документација. Крајниот рок за доставување на апликациите за ова категорија на проекти е 7 октомври 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.