| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Преку пет милиони евра за Охрид, Струга, Вевчани и Дебар

Во регионот на Охрид, Струга, Дебар, па и Вевчани предвидени се 5,12 милиони евра за инфраструктурни проекти кои дел се преку Програмата за рурален развој што се распределени на овие четири општини, а дел се директни инвестиции од страна на различни министерства. Овие пет милиони евра директно ќе одат за развојот на овие четири општини, најави денеска премиерот Никола Груевски. ­

gruev

 

– Внимаваме на овој регион доста, се трудиме што повеќе да донесеме средства, инвестиции во различни проекти што се значајни за граѓаните како водоводи, канализациски мрежи, градба на инфраструктурни проекти, локални и регионални патишта… рече Груевски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на објкетот на ОДВ-електрик во индустриската зона Струга/Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top